,

„Јас не сум виновен“-Како да го научите детето да не бара оправдување за своите постапки

Добивај вести на Viber

Реченици од типот „не сум виновен јас. Тој прв почна“, „Учителката не објасни добро, затоа не можев да ја напиша домашната.“-децата често ги изговараат секојдневно. Ваквото обвинување на другите и непреземање на вина за сопствените постапки може родителите да ги доведе до лудило. Но, сите ние од време на време се браниме со изговори. Помислете само на разговорот со полицаец околу непрописно паркирање. Децата можат да слушнат изговори секаде околу себе. Обвинувањето на другите и непреземање на вина за сопствените постапки може родителите да ги доведе до лудило. Еве како да ги научите да не бараат оправдувања и да не ги обвинуваат другите за своите постапки. Обратете внимание на моментот на оправдување Една од првите работи кои можете да ги направите е да му ставите на детето до знаење дека обвинува некој друг за своите постапки. Доволно е да му кажете „ми изгледа дека ти го обвинуваш својот другар што си го удрил“. Свртете ја ситуацијата детето да сфати дека во вашите очи тоа е виновно за своето однесување. Нема причина да влегувате во расправа ако се држите до фактите. Сконцентрирајте се на вистинскиот проблем Секогаш запрашајте се кое проблематично однесување дошло до израз. Дали проблемот е тоа што вашиот син го удира својот другар? Или можеби тоа што не ја пишува домашната? Кога ќе препознаете проблематично однесување, ќе можете јасно да му објасните на детето каде е проблемот. Немојте да дозволите тоа да ви свртува внимание, бидејќи на крај само на вашето дете ќе му штети тоа што ги обвинува другите за своите постапки. Составете едноставен план Именувајте го проблемот (на пример, детето не ја пишува домашната работа), нагласете го нивното однесување (не барале помош) и потоа објаснете му едно или две решенија кои детето може поинаку да ги направи следниот пат) повторно да ја праша учителката или да разговара со другарите од одделението). Планот треба да биде што поедноставен. Разговарајте за деталите Прашајте го детето што точно се случило. Обидете се да го одглумите целиот настан како да го снимила камера. Детето може да каже дали сестра му го зела телефонот и тој поради тоа ја удрил. Обратете му внимание на детето дека постојат многу други работи кои можело да ги направи во тој момент и проверете дали тоа знае кои. Што е она што тоа може да го направи а да не спаѓа во лошо однесување? Ако тоа нема решение тогаш вие понудете му некој предлог. Објаснете му на детето дека тоа избира Многу е важно да се знае дека сите имаме избор во животот и тоа важи и за децата. Детето избира дали да ги почитува правилата или да ги прекрши. Има момент кога детето избира да биде непослушно и оние кога одлучи да послуша. На пример, тинејџер кој треба да се врати дома на време има избор кога види дека ќе задоцни: може да ве повика и да ве извести или да ви каже да дојдете по него. Префрлување на вината на другарите не е решение. Детето не е немоќно и може да го промени исходот од своите постапки. И што повеќе ја презема контролата над своите акции толку посилно ќе се чувствува и ќе биде поодговорно. Бидете активен учител Улогата на родител е да постави граници во однесувањето. Бидејќи воспитувањето не се случува преку ноќ, родителот мора да биде активен учител и добар пример. Искористете ја секоја ситуација лично да покажете што значи добро однесување. Покажете упорност Упорно доведувајте го во прашање секое оправдување кое го наведува вашето дете. Не е доволно да му објасните само еднаш бидејќи тоа ќе најде начин да се брани и следниот пат. Морате будно да го следите неговото однесување и секогаш да реагирате. Реагирајте смирено и директно Во разговор со детето бидете смирени и директни. Викањето и дерењето нема да ви помогнат никако. Најдобро е мирно да седнете со детето и да разговарате за она што се случило. На пример, ако вашето дете ја турнало својата сестра тоа мора да знае дека за тоа нема оправдување. Разговарајте за тоа како може да реагира следниот пат. Вежбајте извинување Кога вашето дете ќе сфати дека згрешило, пружете му шанса да го поправи направеното ако ситуацијата тоа го дозволи. Можеби може да напише порака на извинување или да направи нешто за личноста која ја повредило. И после тоа заборавете на тој настан. Ако ова го повторувате секој пат детето ќе се научи само да ја преземе одговорноста за она што го направило, што е најважно. Казнете го детето на вистински начин Ако детето го удрило другарот мора да му биде јасно дека е казнето поради тоа. Факт е дека детето одлучило да реагира на целата ситуација со употреба на сила. Ниту еден изговор на овој свет тоа не може да го промени. Можеби неговиот другар не требало да му ја земе играчката, можеби не требало да го зафркава но тоа никако не го оправдува ударот. Дали вашето дете има навика да се правда и извлекува кога е во суштина негова вината?