Животна училница // Приказни
Ана-Марија доживеа два мозочни удари на 23 години: Повторно научив да одам и пишувам, а сега сум бремена (ВИДЕО)
Ана-Марија Белчиќ ја раскажа својата приказна за мозочниот удар и животот после него
Мозочниот удар не ги погодува само постарите, тоа го потврдува и случајот со Ана-Марија Белчиќ (26), која го доживеала на само 23 години. Тоа ѝ се случило во сон, се разбудила, повраќала, а потоа изгубила свест. Нејзината сестра ја пронашла во несвест, а следното нешто на кое се сеќава е будењето во болница. Подоцна дознала дека причината е срцева мана, па биле вградени стентови, едниот на мозокот, а другиот на срцето.
За жал, за време на опоравувањето и три месеци по првиот, таа доживеала и втор мозочен удар. Иако не бил толку интензивен, таа психички „паднала“ и токму тогаш побарала помош од психолог.
Целата приказна погледнете ја во видеото ТУКА