Диетата на Ѓулсерен: Едноставен, но магичен пијалок
Таа има 45 години, но на нејзиното тенко тело и завидуваат дури и 20-годишни девојки
Најплатената актерка во Турција, Нургул Јешилчаи, ја сподели својата формула за слабеење.
Прекрасната фигура на турската ТВ-ѕвезда се должи на еден уникатен пијалок што таа го нарекува „магичен микс“.
Нургул сподели дека миксот ѝ бил препорачан од добро познат нутриционист.
Пијалокот не само што ја топи маснотијата, туку и го става во ред метаболизмот, кој, како што сите знаеме, се успорува со годините.
„Мојот рецепт за слабеење е многу едноставен и ефикасен. Јас користам пијалок што го нарекувам „магичен микс“, вели актерката.
„Секое утро, мешам во чаша вода сок од лимон, лажичка јаболков оцет, куркума, црн бибер и изрендан ѓумбир. За само една недела килограмите почнуваат да се топат како снег “, споделува славната актерка со насмевка.
Во 2017 година, ѕвездата имаше проблеми со прекумерна тежина, а нејзиниот изглед ги шокираше дури и нејзините најверни фанови. Ѓулсерен тогаш додаде на својата тежина околу 10 килограми. Очигледно, пијалокот прави чуда, затоа што денес Јешилчаи е посекси од кога и да било.