Крај на ергенскиот живот: Јоце Панов ќе „рипне во тавче“

Добивај вести на Viber

Убавите вести брзо се шират, па таков е и случајот со младиот македонски пејач Јоце Панов. 

Тој реши да стави крај на ергенскиот живот и ја побара за сопруга неговата девојка Марина Нацевска, со која е веќе десет години во врска.

Парот свадбената церемонија ќе ја одржи на 25-ти август во скопскиот ресторан „Ла Тана“.


„Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина“, изјави Панов за Вечер. 

Инаку пејачот ја запроси девојката на романтично патување во Турција, а периодов двајцата се ангажирани околу подготовките за свадбата.