Откако успеа да ги задржи солзите, Ромео Грил проговори за снимањето на „Знам“: Во студио се чувствував како Скорсезе помеѓу Шерон Стоун и Роберт Де Ниро

Во убава атмосфера, преполна со медиуми и поддржувачи на музиката на Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ, се одржа македонската промоција за песната „Знам“.

Премногу емоции беа преточени во зборови за хитот кој веќе брои речиси пола милион прегледи.

- Задоволство ми е  што со мојата долгогодишна пријателка го крунисавме неколку денцениското пријателство. Благодарам Ромео Грил, ова песна ќе се слуша долго. Оваа песна е прекрсна порака, ова е порака на љубовта... изјави Жељко, потенцирајки дека е пресреќен што е во Македонија.

- Среќна сум, оваа улица во Тафталиџе ми буди спомени од детство, тука возев роушули, од времето кога живеев во Кичево и доаѓав кај роднините на гости, тука сум како дома. Што се однесува до песната прв пат кога ја слушнав, како недовршен аражман, на вториот дел ми потекоа солзи и знаев дека ќе стане нешто многу големо... А тоа исконско чувство беше взаемно, истакна Калиопи.

На големо изненадување на сите, и Ромео Грил беше гостин на промоцијата, на која кажа некој збор повеќе, откако успеа едвај да ги задржи солзите.

-Многу сум емотивен во овие моемнти, јас сум роден во Дебар Мало, па секој мој успех е успех на овој град. Мило ми е што, еве ние од тука можеме да допреме до Љубљана до Триглав па и пошироко. Нека ни се множат годините и песните. Песнта не е правена со намера да биде хит, пред се, намерата беше да се круниса едно долгогодишно пријателство меѓу два големи уметника. Во еден момент во студио се осеќав како Скорсезе меѓу Шерон Стоун и Роберт Де Ниро. „Знам“ ми беше голема привилегија но и обврска, покрај два култни уметника кои постојат долги години, заклучи Ромео.


Фото: Вангел Тануровски