Овие три фризури бришат години од лицето: Лесни се за одржување, ја прават косата побујна и се модерни
Доколку сакате да изгледате помладо, имаме одлични предлози
за вас – три фризури кои бришат години од вашето лице.
Стилистите за коса истакнуваат дека одреден тип на фризура може да направи да изгледате и да се чувствувате помлади.
Според нив овие три предлози за фризури вадат барем 10 години од вашето лице...
Шишки и степени околу очите
За супер брз начин веднаш да го подигнете и освежите изгледот, обидете се со шишки. Тие веднаш ќе ви ги „подигнат“ очите. Можете да пробате и меки степени околу лицето, бидејќи на тој начин ќе го истакнете на најдобар можен начин. Единствено на што треба да внимавате при шишањето на шишките е да не се премногу кратки и „остри“ бидејќи слоевите ќе бидат клучни за постигнување мекост и младешки изглед.
Кратка фризура богата со волумен
Ако сепак сакате да се исшишате пократко, експертите сугерираат дека одржувањето на волуменот и густината, особено на задниот дел од главата, се клучни за младешки изглед. Ако сте малку загрижени за текстурата на вашата коса, можете да постигнете одличен волумен со степени или со користење на вистинските продукти кои на вашата коса ќе ѝ ја вратат живоста.
Боб фризура
Оваа фризура е апсолутен хит веќе пет години. Дека не излезе од мода потврди и Тамара Калиниќ, која дебитираше со споменатата фризура на модната недела во Милано. Она што можеме да ви го кажеме за оваа фризура е дека е исклучително лесна за одржување и одговара на речиси секој облик на лице.
Фото: Инстаграм/unsplash