Утринско кафе со Ленче Кукиќ: Музиката и семејството се моја водилка низ животот
Секој ден како и кај
секого и кај мене започнува со
убаво утринско топло кафе. Многу ретко се случува да го испијам кафето сама, почесто, да не речам скоро секојдневно го пијам првото кафе со мојата комшика Љубинка. Со кафенце и утрински муабет, како и што не очекува во текот на денот.
Мојата мотивација е музиката и семејството кои се моја водилка во се низ животот. Во нашето семејство музиката е она од која што потекнува се. И нашите пријателства и нашите успеси .
Дневните планови произлегуваат од моменталната ситуација ,бидејќи во нашата работа понекогаш планираното не излегува. Деновите ги поминуваме динамично, во текот на денот се случува да се слушнеме со безброј драги пријатели, од обичен разговор, да отидеме на кафе, кафето да продолжи со бесценето дружење кое на крајот завршува со песна.
Но, секако завршува во домот каде се споделуваат дневните случувања. Да се видиме, да споделиме кој каде го поминал денот. Со оглед на тоа дека и Иван(синот) и Горан(сопругот) се динамични, секогаш имаат теми плус за разговор кога се враќаат дома.
Се случува да се одмараме сите тројца заедно и да
гледаме некој филм, или пак секој со своето хоби читање, творење музика, пешачење
во мирна природа и полнење на душата со позитивна енергија за секој нареден ден...
(Ленче Кукиќ – естраден уметник)
Може да ве интересира и :
(ВИДЕО) ОВАЦИИ ЗА ЛЕНЧЕ КУКИЌ: Емотивна изведба на „Галебе мој тажен“