(ВИДЕО) ОВАЦИИ ЗА ЛЕНЧЕ КУКИЌ: Емотивна изведба на „Галебе мој тажен“

Добивај вести на Viber

Со овации од публиката, но и од жирито, беше поздравен последниот настап на Ленче Кукиќ во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Познатата пејачка овојпат го одбра македонскиот евергрин „Галебе мој тажен“ на Верица Ристевска и доби само пофални зборови за интерпретацијата.

Нејзиниот сопруг Горан Кукиќ победи во првата сезона на истото шоу. Веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.