Заблуди за грипот кои треба да ги знаете

Добивај вести на Viber

За грипот се знае многу, но и понатаму има премногу заблуди.Тие понекогаш се банални, но за жал, често се опасни за детето. Еве ги најчестите заблуди за грипот, па да ги „разбиеме“ заедно. 

Грипот е обична вирусна болест која не е опасна за децата?

Целосно неточно! Грипот не е обична вирусна болест, тоа е опасна вирусна болест, а посебно е опасна за децата, посебно за мали деца! Ако ги погледнеме вирусите кои ги напаѓаат дишните органи на децата, грипот е на врвот на листата микро напаѓачи кои можат да доведат до сериозни компликации. Историски гледано, овој вирус убил повеќе луѓе отколку кој било друг (иако ХИВ го презема тажно првото место). Грипот е болест на целото тело, а секој кој го прележал или чие дете го надминало, знае за што зборуваме. Затоа кон групата треба да се однесуваме „со должно внимание“ и да се заштитиме и себе и децата истовремено. 

Нема потреба да се вакцинираме, ќе обезбедиме „антигрип“ лек, па штом почнат првите тешкотии ќе даваме терапија.Тоа баш не е добра идеја! Иако постојат лекови кои, ако се применат на самиот старт на болеста, навистина помагаат. Сепак тоа не е вистинска превенција. Најдобро е болеста да се спречи „во корен“, а тоа значи да не му дозволиме на вирусот да ја започне инфекцијата.  Тоа се постигнува со вакцина. Вакцинацијата му овозможува на организмот да го победи вирусот пред да му направи тој штета на организмот, а антивирусниот лек тоа го прави кога вирусот веќе почнал да „ровари“ во телото на детето. Тука постои уште еден проблем – „антигрип“ терапијата делува само против вирусот на грип, тоа значи дека пред почнување на терапијата треба да се биде сигурен дека детето боледува токму од грип. Тоа може да се направи со брзи тестови кои го откриваат вирусот на грип, но тие не влегле во рутинска примена кај нас. Затоа антивирусниот лек веројатно ќе се потроши пред вистинскиот грип да се појави, бидејќи има многу вируси кои личат на грип, а всушност не се вирусна група.

Детето не може да добие грип ако не оди во градинка, најдобро до пролет да седи дома.Не е така! Детето може да добие грип и дома (го донесуваат старите) или во текот на прошетка во некои од трговските центри, во сообраќај, во игротека, на родендени … Затоа е неприфатливо детето да „седи дома“ 4-5 месеци. Тоа би значело дека го ставаме под стаклено ѕвоно и дека не живее речиси половина година. Детето треба нормално да живее, да се движи и да оди во градинка, а ако навистина сакаме да го заштитиме тука е безбедната вакцина за деца. 

Се вакцинирав лани, не мора и сега.Целосна заблуда Вакцината делува само во текот на една зимска сезона. Потребно е да го „освежувате“ имунитетот секоја година, а тоа се прави со посебна комбинација од состојки на вакцини кои ги одредуваат експертите под закрила на СЗО, и тоа секоја година. Тие „предвидуваат“ кои типови и поттипови на вируси можат да се појават во текот на сезоната на грипот. Затоа тие кои минатата сезона се вакцинирале треба пак да се вакцинираат бидејќи тоа е најдобар начин за да се спречат инфекциите. 

Мало дете не пренесува грип-не може да зарази возрасни.Погрешно! Децата се одлични пренесувачи на заразни болести, па и грип. Вирусот лесно се размножува во мали и имунолошки слаби организми, па поголема количина на вирус е „на располагање“ за ширење наоколу. Затоа, ако другото дете е здраво, треба да се обидете со изолација на болниот, доколку за тоа постојат услови. Иако обично се разболат и другите по дома, некогаш со навремена изолација може да помогнете здравите деца да не се разболуваат.