Добро ни е познато дека црвениот килим е модна трка помеѓу познатите за тоа чиј фустан е поскап, поблескав и подобар. Иако за вкусовите по правило не се дискутира, сепак останува да се потврди фактот дека едноставноста е нешто најценетото и најскапото на сите времиња.
За вас, ги издвојуваме 10-те најскапи фустани на црвениот килим на сите времиња
Ен Хатавеј во Валентино
Оваа убавица во 2011-та носеше црвен Валентино фустан на Оскарите, каде својата модна комбинација ја комплетира со ѓердан од Тифани вреден 10 милиони долари.
Цена на фустанот: 80,00 $
Кејт Винслет во Валентино
Главната ѕвезда од безвременскиот хит „Титаник “, во 2007-та година заблеска во креација на Валентино, во минт боја, избран од нејзината ќерка Миа.
Цена на фустанот: 100,000 $
Шарлиз Терон во Диор
Јужноафриканската актерка на доделувањето на Оскари во 2013-та година, избра бел долг фустан-креација на Диор, каде одлично го надополни со дијамантски алки на Хари Винстон вредни 4 милиони долари.
Цена на фустанот:100,000$
Џесика Биел во Шанел
Сопругата на Џастин Тимберлејк има изострен вкус кога станува збор за модата. За едно доделување на Оскарите, таа ја избра модната куќа на Шанел за свој моден сојузник.
Цена на фустанот: 100,000 $
Кејт Бланшет во Армани Приве
Оваа русокоса во 2014-та заблеска во креација на Армани Приве, чиј фустан беше извезен со илјадници Сваровски кристали.
Цена на фустанот: 100,000 $
Лупита Нијонг во Келвин Клajн
Талентираната актерка го избра Келвин Клajн за свој полн моден погодок, каде што носеше бел долг фустан рачно извезен со над 6,000 бисери.
Цена на фустанот: 150,000 $
Кејт Бланшет во Армани Приве
Сексапилната русокоса, на доделувањето на Оскарите во 2007-та година, овојпат во креација на Армани Приве во металик боја, целосно обложена со Сваровски кристали.
Цена на фустанот: 200,000 $
Принцезата Дајана во Виктор Еделстајн
Кој може да ја заборави префинетата Дајана, нејзината насмевка и вистинскиот љубител на модата со изграден вкус и карактер во модниот свет. Кадифениот фустан што Дајана го носеше додека танцуваше со легендарниот Џон Траволта, иако тогаш чинеше 100,000 фунти, веќе во 2013-та година беше продаден за 240,000 фунти.
Цена на фустанот: 240,000 фунти
Никол Кидман во Диор
Порцеланската убавица како што милуваат да ја нарекуваат светските медиуми, за време на едно медиумско појавување во придружба на својот тогашен сопруг Том Круз, се појави во жолт фустан, инспириран од кинеската традиција, но во креација на Џон Галијано.
Цена на фустанот: 2 милиони долари
Мерлин Монро
Некои имиња и модни икони ќе останат запамтени во човековата историја и запишани во мемоарите на модната индустрија. Белиот плисиран фустан на Мерлин Монро е моден статус симбол за Мерлин ерата, кој сѐ уште мами воздишки, каде на една аукција во Лос Анџелес, беше продаден за рекордни 5,6 милиони долари.
Цена на фустанот: 5,6 милиони долари