10 години dm: Останавме пример на одговорно и успешно работење со двоцифрен раст на прометот
Компанијата dm дрогерие маркт во изминатата деловна 2021/22 година во Република Северна Македонија оствари промет од 1,79 милијарди денари, со што забележа раст од 27,7% во однос на претходната година. Со ова компанијата ја одбележа јубилејната десетта година работење на македонскиот пазар, со зголемување на фреквенцијата на своите купувачи за 24,5%. Компанијата го прослави јубилејот и со рекордна сума на општествено одговорни донации од повеќе од 5,3 милиони денари, со што уште еднаш го зацврсти и потврди постоечкиот углед на општествено одговорна компанија.
Компанијата, во својата јубилејна десетта година на пазарот, со отворање на две нови дрогерии во Скопје и во Струга ја прошири својата продажна мрежа на 22 дрогерии во 10 градови.
Со цел да им овозможи на своите купувачи уште попријатно искуство во пазарувањето, компанијата инвестираше и во модернизација на неколку постоечки продажни објекти. Повеќе од 70 милиони денари беа инвестирани во отворање нови и реновирање на продажни објекти.
На ниво на целата dm групација во сите 14 земји (Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија) dm оствари раст на прометот од 10,7% во однос на претходната година, односно вкупен промет од 13,581 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 3.945 дрогерии, а бројот на вработените во целиот концерн надмина 71.620.
„Во изминатата деловна година остваривме промет од 1,79 милијарди денари со раст од 27,7% во однос на претходната година, што е потврда за нашиот успех, но и за нашата посветеност кон заедница и нашите купувачи. dm е дел од најуспешните компании на македонскиот пазар, а во прилог на тоа говори и извонредниот двоцифрен раст кој го остваруваме деветта година во континуитет. Како компанија чија централна вредност е човекот и оваа година се обидовме да ја оправдаме довербата на нашите купувачи, но и да се грижиме и да ги развиваме нашите најважни ресурси – нашите вработени. Продолжуваме заедно да растеме и напредуваме, подготвувајќи се за нови предизвици и проекти во годината што претстои. Ќе продолжиме да го надминуваме она што бевме вчера за да бидеме пример за добра практика за другите, притоа создавајќи поповолна социјална и деловна клима“, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm Северна Македонија и Србија.
Најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар
Во нашата земја, години наназад dm е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, со комплетна понуда на повеќе од 14.500 производи. Во прв ред тука спаѓаат прехранбените намирници, сертифицираната органска храна, пред сѐ од dm марката – dmBio, што го прави dm најголем понудувач на сертифицирана органска храна на македонскиот пазар. Кон ова се придодаваат и производите наменети за купувачите со специфични диететски потреби. Покрај тоа, dm нуди бројни други производи во рамките на својот асортиман за нега и исхрана на бебиња, како и производи за дезинфекција и хигиена во домот, нега и убавина, природна козметика, додатоци во исхрана, храна за домашни миленици и др.
Со понуда на повеќе од 4.700 производи, dm е и најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар. Висококвалитетните, но и ценовно достапни dm марки, како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, и многу други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите 14 земји каде dm е присутен на пазарот.
Лидери во одговорното работење
Во јубилејната десетта година од деловното работење во Северна Македонија, dm дрогерие маркт реализираше голем број проекти насочени кон обезбедување поддршка на општествената заедница, на кои компанијата е особено горда. Постигнувајќи успешни деловни резултати, компанијата се стреми постојано да инвестира во заедницата во која работи, а во изминатата деловна година преку различни хуманитарни проекти донираше повеќе од 5,3 милиони денари.
Деловната 2021/22 во знакот на одржливиот развој
Одговорниот ангажман кон заедницата во изминатата деловна година беше крунисан со лансирањето на новиот еколошки проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во чии рамки компанијата, во соработка со своите институционални партнери, ќе засади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина. Со спроведување на овој еколошки проект, dm има за цел да ја едуцира јавноста и да ја подигне свеста за значењето на шумите како еден од најважните фактори за заштита на животната средина. Овој проект планирано е да прерасне во своевидна традиција со која ќе се збогатува зеленилото во нашата земја од година во година. Само во рамките на овој проект, dm дрогерие маркт донираше повеќе од 1 милион денари во набавка на садници и модернизација на опремата на Јавното претпријатие „Национални шуми“.
Покрај ова, дрогерискиот ланец континуирано промовира одржливи стандарди и негува зелени навики, како преку различни проекти, така и преку асортиманската понуда на бројни еколошки алтернативи, производи базирани на поеколошки состојки и рециклирани материјали, како и сеопфатен асортиман на природна козметика. Компанијата континуирано ги промовира зелените стандарди и преку едукација на своите вработени и купувачи кога е во прашање пазарувањето на рециклирани производи, дополнски пакувања, рециклирање на пластичните пакувања, употреба на трајни торби со гаранција за цел живот како алтернатива на пластичните кеси и многу други аспекти од одржливото пазарување. Како дел од оваа заложба, оваа година за првпат се одржа и т.н. „Недела на одржливост“, преку која вработените на dm имаа можност да ги запознаат сите аспекти и сегменти на одржливото работење на компанијата, како локални, така и на ниво на dm групацијата.
Уметноста како инспирација во работните потфати
Деловната 2021/2022 година на компанијата dm помина во различни настани и акции кои во преден план ја ставија кампањата „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“. Како дел од кампањата инспирирана од уметноста, најголемиот дрогериски ланец dm ги обои своите излози и градските ѕидови низ цела Европа, истовремено поддржувајќи ја работата на локалните уметници. Благодарение на оваа иницијатива, градот Скопје доби нов мурал од dm, кој се наоѓа на улицата Максим Горки, а излогот на дрогеријата на dm на центарот на градот на улица Даме Груев бр. 7 беше исцртан со истите инспиративни мотиви, преку кои компанијата сака да ја поттикне инспирацијата кај сите граѓани на главниот град и пошироко.
Одговорен работодавач
dm ја задржува улогата на посакуван работодавач и во изминатата деловна година. Личниот и професионален развој, четиринаесетте атрактивни плати во текот на годината, проширените здравствени систематски прегледи за вработените, бесплатни курсеви по германски јазик, како и редовните обуки и семинари кои компанијата ги нуди во текот на целата година, се само потврда за инвестициите кои компанијата ги реализира во своите вработени во текот на годината.
Во изминатата јубилејна десетта година, како посебен знак на благодарност кон своите вработени, компанијата исплати дополнителна 15. плата во пропорционална висина на индивидуалниот работен стаж во компанијата.
Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување, како и ваучери за приватни здравствени прегледи.
Изминатата година, вработени од компанијата за прв пат учествуваа во концернското образование „dm Академија“ одржано во Хрватска, со што македонскиот пазар ги доби првите сертифицирани дрогеристи, со што dm одново докажа дека професионалниот развој на своите вработени и професионалното советување на своите купувачи е високо на листата на приоритети на компанијата.
Уште еден доказ за важноста на вработените за компанијата е и анкетата за вработени која се спроведува на ниво на dm групацијата на секои четири години. Токму оваа година, dm во Северна Македонија по втор пат ја спроведе оваа анкета, на која повеќе од 95% од вработените одговориле дека својата работа во dm ја доживуваат како значајна и придонесуваат кон успехот на компанијата, а дури 94% одговориле дека во dm гледаат многу добар работодавач.
Како дел од заложбата за унапредување на процесот на личен и професионален развој, компанијата разви своја дигитална платформа „dm-Lernwelt – Свет на учење“ преку која секој вработен може да се информира за актуелните теми, да посетува online курсеви и обуки.
Принципот „Човекот во центарот на работењето“ останува главната водилка на dm во своето делување
„Човекот во центарот на сите активности“ е принцип кој е длабоко вткаен во темелите на dm drogerie markt уште од неговото основање и доследно се применува до денес, на ниво на целата dm групација која има повеќе од 71.620 вработени. На целиот меѓународен пазар, dm ги применува истите вредности - без разлика дали се работи за вработени, купувачи или партнери, секогаш водени од фактот дека економијата е „алатка во рацете на човекот“, а не обратно.
ПР објава