10 митови за царскиот рез: „Не е породување, не можете да доите, ќе лежите со денови“
Иако навистина голем број жени раѓаат со царски рез, сепак постојат заблуди за овој начин на раѓање на дете и сè уште постојат митови што треба да се разрешат веднаш.
1. Царскиот рез не е породување
Да разјасниме веднаш, тоа во никој случај не е точно. Детето излегува од вашето тело и тоа е породување.
Да, постои разлика помеѓу вагиналното и породување со царски рез, но колку мајката се грижи за бременоста, за своето бебе, колку е посветена и колку го сака бебето, апсолутно е исто.
Покрај сето ова, многу жени веќе поминале низ болни контракции и дури тогаш имале царски рез.
2. Подготовките за породување и планот на раѓање не се неопходни за царски рез
Секоја мајка заслужува најдобар можен пораѓај. Дел од тоа се дефинитивно подготовките што ќе ве направат свесни и ќе ви дадат самодоверба. Подготовките ви даваат поткрепа да гледате на раѓањето со радост.
3. Царскиот рез не е голема работа
Само затоа што оваа операција е рутинска, не значи дека не е сериозна. Прво, породувањето е секогаш голема работа. Покрај тоа, ова сепак е операција. Затоа е многу важно да се грижите за себе откако ќе се породите. Закрепнувањето од царски рез обично е многу потешко отколку после вагинално, затоа мора да бидете сигурни дека сите ќе ви помогнат при закрепнувањето дома, и ќе ја имате целата потребна помош и поддршка.
4. Не можете да доите по царски рез
Иако во почетокот може да биде навистина предизвик, апсолутно може да доите по царски рез. Лековите што ги примате се безбедни за мајките што дојат.
5. Нема вагинално крварење по царски рез
Крварење после пораѓај се јавува затоа што матката се обновува од раздвојувањето на плацентата и полека се враќа во својата пренатална големина и се ослободува одредена количина на крв. Ова се случува без оглед на начинот на породување.
6. После првиот, секој следен пораѓај мора да биде со царски рез
Кај многу жени, вагиналното породување е апсолутно можно во следната бременост. Обично зависи од причината зошто жената имала царски рез. Експертите посочуваат дека дури 60-80 проценти од жените по царски рез можат да имаат вагинално раѓање.
7. Нема да имате никакви болки за време на царски рез
Да, нема да имате болка. Ќе ви бидат дадени многу тестови за да бидат сигурни дека сте под анестезија. Меѓутоа, кога ќе се роди бебето, ќе имате притисок во стомакот, на кој лековите што сте ги земале не можат да влијаат. Многу жени се плашат, но тоа е сосема нормално.
8. Ќе лежите со денови по операцијата
Напротив. После царски рез, клучно е да се стане и оди, со цел телото да се движи и на тој начин да се спречат компликации. Ќе ви треба помош од медицински сестри на почетокот и нема да можете да трчате некое време, но движењето по секоја операција е многу важно.
9. Нема да можете да го земете бебето кај вас веднаш по раѓањето
Допирот кожа на кожа е еден од најважните сегменти на родителството. Има толку многу емоционални и физички придобивки за вас и вашето бебе.
Добрата вест е дека можете да го направите тоа. Кажете му на медицинскиот персонал дека го сакате тоа и тие ќе го дозволат, барем наскоро по будењето.
10. Не можете да имате постпартална депресија по царски рез
Истата промена во хормоните се јавува и по раѓањето на детето со царски рез. Ќе мора да се навикнете на мајчинството, на грижата за мало живо суштество и во исто време да се опоравите од операцијата. Затоа, бидете свесни за вашиот емотивен статус. Ако се чувствувате тажно, имате проблем да се поврзете со вашето бебе, немате енергија или се плашите да се повредите себеси или вашето бебе, веднаш побарајте помош. Не сте сами!