Вечерва со претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Фредерико Гарсија Лорка во изведба на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, во Сули Ан, почнува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“. Годинашното издание на фестивалот ќе трае до 18 октомври. Ќе се реализира под мотото „За здрав дух“. Сите претстави на фестивалот, освен вечерашната, ќе бидат во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На 11 Меѓународен театарски фестивал „Скупи“ гостуваат и театри од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и Бугарија.