Марија Шерифовиќ: „19 години одам на психотерапевт! Ако мојот избор значи дека мајка ми ќе се онесвести, нека биде така“

Пејачката Марија Шерифовиќ отворено зборуваше дека долги години посетува психотерапевт.

- Имам свој терапевт веќе 19 години бидејќи е важно да се одржува менталното здравје. Тоа што живееме во Србија, каде одењето на терапевт е табу тема, затоа што тогаш те класифицираат како луд, тоа е глуп став. Имам своја докторка, а можеби и таа е виновна што некому повеќе го нервирам, некому помалку, но никогаш не би ја сменила - изјави Марија за „Ало“.

Потоа се осврна на тоа каква е во приватниот живот, бидејќи пред камера секогаш делува бестрашно и самоуверено.

- Има многу нешта кои можат да ме потресат, луѓето ме доживуваат како груба, арогантна, безобразна, невоспитана, но јас не сум таква! Јас сум само брза, немам нерви и не сакам бавни луѓе. Ранлива сум и емотивна, можеби сум поемотивна од сите што ги познавам, но полесно ми е сама да ги обработам работите кои ме доведуваат до таква состојба, без никој никаде - искрена беше пејачката.


Познато е дека Марија со години се залага за правата на ЛГБТ популацијата.

- Не сум свесна за моето влијание и не сакам така да размислувам за тоа, а многу е важно младите да знаат дека имаат само еден живот! Не сакам моето семејство или околината да ми диктираат кога ќе сакам или што ќе правам. Кој има право на тоа? Луѓе кои живеат под камен? Не сакам да имам контакт со нив! - вели пејачката.

Запрашана дали некогаш се соочила со непријатни ситуации поради нејзиниот став, Марија одговори:

„Не, затоа што отсекогаш сум се залагала за слобода, но тоа е само затоа што првенствено сакав да го живеам животот на начин што ми одговара. Работите за кои зборувам не се поврзани само со одлучноста, туку во нив може да се препознае секое интелигентно суштество кое сака да си го живее животот по сопствен избор. Ако мојот избор значи дека мајка ми ќе се онесвести или дека татко ми ќе се налути, нека биде така ... Секое суштество има апсолутно право да живее како што сака!“


Извор: blic.rs

*Ова е братот на Марија Шерифовиќ: И тој е познат пејач (ФОТО)