20 најпопуларни туристички дестинации со најевтини хотели со 5*
Сакате луксузни хотели? Skyscanner ги анализирал цените на хотели со 5* во 100 најпопуларни туристички дестинации на светот.
Врз основа на тоа е објавен список со места каде туристите ќе платат најмалку за престој во најлуксузни хотели.
Првата и втората позиција ги заземаа познатите места во Египет, Шарм ел Шеик и Хургада. За ноќ во двокреветна соба во хотел со 5* таму ќе платите во просек од 105 до 120 долари. Во самиот врв е и главниот град на Малезија, Куала Лампур, каде двокреветна соба во луксузен хотел може да се изнајми за 128 долари. Два полски градови се во првите десет на листата. Ден во двокреветна соба во Варшава ќе ве чини во просек 157 долари, а во Краков 152 долари.
Ова е листата со 20 најпопуларни туристички места на светот со најевтини хотели со 5*:
1. Шарм ел Шеик
2. Хургада
3. Куала Лумпур
4. Софија
5. Шарџа
6. Краков
7. Ларнака
8. Варшава
9. Њу Делхи
10. Хо Ши Мин
11. Агадир
12. Џакарта
13. Манила
14. Брисел
15. Рига
16. Мумбаи
17. Ханој
18. Букурешт
19. Глазгов
20. Патаја
Каде најмногу ќе платиме?
Највисока цена на луксузни соби меѓу 100 најпопуларни туристички дестинации ќе биде платена во Лос Анџелес (696 долари), Милано (795 долари), Ибица (893 долари), Малдиви (943 долари) и Њујорк (1064 долари).