2469 активни случаи на ковид-19 во земјава: Денес регистрирани 193 нови случаи

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: 

-Скопје 35

-Куманово 1

-Штип 6

-Тетово 1

-Струга 1

-Гостивар 1

-Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.

Новорегистрираните случаи се од:

-Скопје 140

-Куманово 2

-Дебар 1

-Штип 6

-Тетово 19

-Струга 5

-Велес 2

-Охрид 11

-Гостивар 4

-Свети Николе 1

-Ресен 2