“30 години читаме со задоволство”, е слоганот на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата, а во кампањата учество ќе земат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ и ќе се одржи од 3. до 9. мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.
Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела од:
· домашни и странски автори;
· современи и класични литературни дела;
· стручна, научна и белетристичка литература;
· енциклопедии;
· дела од областа на културата и уметноста;
· книги за млади и деца;
· учебници и училишни прирачници и галантерија;
· современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.
На саемот учество ќе земат сите значајни издавачки куќи од замјата, но има и изложувачи кои ни пристигнуваат од регионот.
По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00.