Вашата убавина добива нов сојузник: dm воведува стручни советници за убавина како услуга во одредени dm дрогерии

Добивај вести на Viber

Најголемиот дрогериски ланец - dm дрогерие маркт отсекогаш бил место за инспирација, каде ги откривате новите трендови и уживате во нивниот разновиден асортиман. Сега makeup љубителите имаат уште поголема причина да го посетуваат ова нивно омилено место. Се прашувате зошто? Затоа што dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm.

Советниците за убавина не само што ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор на шминки и додатоци за шминкање од богатиот асортиман на dm, туку ќе ви пружат и услуга- шминкање за секоја пригода. Имено, советниците за убавина од dm поседуваат сертификат за успешно завршена обука во познатата Школа за убавина Арт, која нуди професионални обуки за шминка, како и многу други од светот на козметиката и естетиката, а нивните стручни совети со задоволство ќе ги споделат со вас во одредени dm дрогерии.

Со купување на шминки и додатоци за шминкање во вредност од 1.900 денари во овие дрогерии, имате право на купон за бесплатно професионално шминкање. Професионалното шминкање ќе се одвива со претходно закажување секоја среда, петок и сабота на телефонските броеви, кои можете да ги најдете на нивната веб-страница.

Што треба да направите за да ја добиете услугата професионално шминкање во dm?

Со купување на шминки и додатоци за шминкање во износ од 1.900 денари во некоја од наведените дрогерии добивате купон со кој може да закажете термин кај советничките за убавина во dm.Едноставно треба да се јавите на телефонските броеви за закажување и да закажете термин. На закажаниот термин со себе треба да го понесете купонот, заедно со фискалната сметка или сметкопотврда. Термините за бесплатно професионално шминкање можете да ги закажете само во овие дрогерии во среда, петок или сабота, најмногу 60 дена од добивање на купонот.

Сигурни сме дека многумина од вас со нетрпение очекуваат да ја искусат оваа нова можност во dm, па затоа побрзајте и изберете го совршениот makeup look, запознајте се со богатата понуда на декоративна козметика и стекнете нови знаења за тоа како да го исполните вашиот козметички несесер со производи кои одговараат на вашето лице!


*пр-објава