365 дена, филмска приказна за првата успешна година на Gley
Многу ентузијазам и верба за домашен продукт со трајни вредности. Тимот на првата македонска стриминг платформа Gley го прослави својот прв роденден. Во друштво на свои пријатели и соработници, со симболична забава во работните простории Gley одбележа тешка, но година во која покажа дека и Македонија може да стои рамо до рамо со регионалните но и светски платформи.
Расказот на Gley започнува со петмина ентузијасти кои на он-лајн видеотеката прибавуваат 50 серии и 200 филмови, преведени на македонски и албански јазик. За само една година оваа бројка на филмови и серии е дуплирана а тимот на Gley удвоен. Приказната прераснува во 40 000 конзументи кои пројавиле интерес и се уклучиле на платформата.
Непостоењето на национална дигитална стриминг платформа беше главен предизвик за тимот на Gley да внесе токму ваков производ на македонскиот пазар. А нејзината одржливост е во умешноста и изборот на филмови и серии кои се клучни за да се постигнат максимални резултати со ограничен буџет.
-,,Токму на нас “ни се падна паричката“ да се пробиваме на овој пазар. Ние сме тие кои го трасираат и креираат патот на стриминг платформите во земјава и затоа сме изложени и подготвени за секаков вид на критика. Пред една година со голем ентузијазам започнавме да ја реализираме идејата за основање на македонска стриминг платформа која пред сѐ го поддржува и афирмира македонскиот филм, но истовремено ќе го пренесува најдоброто од регионот и светот токму во заштита на македонскиот јазик, со превод и синхронизација за најмладите. Една година подоцна, Gley го профилираше својот идентитет како препознатливa платформа со своја бројна публика и со голем број соработници“, рече извршниот директор на СВОД Мастер, Дарко Перушески на роденденот на Gley.
Потврда за својата работа и иновативност Gley доби и од Фондот за иновации и технолошки развој кој даде поддршка во делот на грантови за комерцијализација на иновации.
Несомнено Gley застанува зад домашното филмско производство а доказ за тоа е и поддршката за Куќен притвор, каде првата национална стриминг платформа се потпишува како ко-продуцент на ТВ серијата заедно со продукцијата ОХО.
Конкуренцијата го прави пазарот подобар, а се дотогаш Gley со несмалено темпо ќе продолжи да работи на пристапност на содржините кои не се достапни и локализирани на другите веќе постоечки глобални платформи кои го прават оригинален, атрактивен и единствен на домашниот пазар.
Што Сакаш, Кога Сакаш, Колку Сакаш, Каде Сакаш се прашања на кои се добива еден одговор-Gley.mk - вистинскиот избор за минути добро и квалитетно поминато слободно филмско време.
Gley.mk e достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер како и на MaxTV приемниците.