Stefani & The Upper Room со Госпел концерт во Македонската филхармонија

Добивај вести на Viber

На 30 март, љубителите на госпел музиката ќе имаат можност да уживаат во незаборавен музички спектакл во Македонската филхармонија. Stefani & The Upper Room ќе приредат концерт исполнет со моќни вокали, енергични аранжмани и инспиративна порака.

„Госпел музиката носи порака на надеж и верба во нешто поголемо од нас. Иако произлегува од тешки времиња, нејзината суштина е радоста и духовната сила“, вели Стефани Барбутова, основач на бендот и долгогодишен изведувач на современа христијанска музика.

Концертот ќе понуди спој на традиционални госпел песни и модерни аранжмани со џез, соул, R&B и поп елементи. Покрај бендот, дел од вечерта ќе биде и The Upper Room госпел хор, кој дополнително ќе ја збогати атмосферата.

Билетите се достапни на karti.com.mk и на продажните места низ Македонија. Не пропуштајте вечер исполнета со емоции, музика и инспирација!