4 ЧЕСТИ МИТОВИ ЗА ПЕРЕЊЕТО НА ОБЛЕКАТА РАЗОТКРИЕНИ ОД САМСУНГ „QUICKDRIVE“ МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ
Новата Самсунг “QuickDrive™“ машина за перење е дизајнирана за да ви го направи животот полесен, можете целосно да заборавите на следните четири митови за перење на облеката и притоа да заштедите време и енергија со секој циклус на перење.
Од сите домашни обврски со кои секојдневно се справувате, перењето на облеката е една од оние кои одземаат најмногу време. Пред да започнете со перењето, морате да ги поделите алиштата во различни категории – светли и темни, фармерки и облека која се суши исклучиво по природен пат, извалкана облека со дамки кои мора да ги третирате согласно методите на нашите мајки кои можеби ќе помогнат, а можеби и не пред да ги ставите во машината за перење... Потоа, мора да чекате со часови секој циклус на перење да заврши за да ја испразните машината за перење. Перењето на облеката завзима голем дел од вашиот ден и колку повеќе чекори се вклучени во самиот процес – повеќе време е потребно за завршување на оваа домашна обврска.
Но, перењето на алиштата не мора да биде толку комплицирано, ниту пак да трае толку долго. Најчесто, поминуваме голем дел од времето кое навистина е потребно преземајќинепотребни чекори за да се погрижиме облеката навистина да биде чиста по перењето. Сите ние имаме научено по неколку “финти“ за да постигнеме подобро перење на алиштата, но со моќната Самсунг “QuickDrive™“машина за перење алишта која е дизајнирана да ви го олесни животот, можеме да ги заборавиме следните четири мита и да заштедиме време и енергија со секој циклус на перење.
Повеќе детергент = почисто
Иако изгледа дека со ставање во машината повеќе детергент за перење на облеката резултатот ќе биде уште почисти алишта, напротив, тоа не е така. Додавањето на премногу детергент го отежнува процесот на “плакнење“ на алиштата, а во вакви околности на облеката се задржуваат остатоци од детергентот. За да ви помогне да ја избегнете оваа честа грешка, новата Самсунг “QuickDrive™“ машина за перење е опремена со “Auto Optimal Wash“ функција која користи 4 сензори посветени на автоматско дисперзирање на совршената количина на детергент потребна за секој циклус, грижејќи се никогаш да не претерате. Покрај ова, “QuickDrive™“ машината има “Q-Rator“ – паметен Самсунг асистент за перење на облека. Овој Самсунг асистент пристигнува со функцијата наречена“Laundry Recipe“ која препорачува оптимални циклуси на перење согласно информациите за облеката која сте ја ставиле да се пере, како боја, тип на материјал, температура на која сте ја вклучиле машината. Оваа функција помага при елиминирање на потребата за “погодување“ која од поставките за циклусите е најдобра за секој поединечен циклус.
Перењето со исклучително топла вода е најдобро
Логиката ни сугерира дека, како и со другите домашни обврски за чистење на просторот, користењето топла вода е најдобриот начин да се погрижите дека вашата облека ќе биде што почиста. Но, употребувајќи топла вода искористувате повеќе електрична енергија за разлика од користењето на ладна вода, а воедно нема воочливи разлики во квалитетот на перењето. Температурата на водата има помало влијание од методот на перење на алиштата. За среќа, Самсунг го усоврши ова со својот “Q-Drum“ барабан на “QuickDrive™“ машината за перење. “Q-Drum“ барабанот е составен од голем главен барабан со чинија во позадината која ротира независно, па облеката се движи од горниот до долниот дел на барабанот, како и нанапред и наназад, креирајќи двојно повеќе сила која ја отстранува нечистотијата темелно со интензивен циклус на перење.
Доколку го прекинете циклусот, за џабе сте ја пуштиле машината и мора од ново да започнете
Не би бил типичен ден во домот, доколку откако ќе ги завршите сите обврски сфатите дека сте заборавиле да ставите еден чорап или пак друго парче облека во машината за перење пред да ја пуштите. Во зависност од тоа колку долгочекате зада го додадете заборавеното парче облекаможе да го попречите целиот циклус на перењето. Но, технологијата користена за Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење го побива и овој мит со револуционарниот “AddWash™“модел кој вклучува вратичка преку која можете да додадете облека, детергент или пак омекнувач за алишта во текот на перењето без да го прекинете или стопирате.
Колку подолго се перат алиштата, толку почисти стануваат
Уште едно застарено сфаќање е дека колку подолг е циклусот за перење, толку почисти ќе бидат вашите алишта. Многу поважно од должината на циклусот е неговата ефективност и со ексклузивната технологија на Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење, времетраењето на еден циклус се преполовува без компромис на неговата темелност или изведба. Со поставката “Super Speed“ едно полнење на машината може да биде испрано во циклус со времетраење од само 39 минути, што значи ќе поминете повеќе време во активностите со кои навистина уживате.
Самсунг “QuickDrive™“ машината за перење ја пере облеката брзо и едноставно, во помалку чекори и со пократки циклуси на перење. Не само што е брза, туку е и моќна ѝпаметна и го поедноставува перењето на облеката од секој можен агол.