4 стајлинзи на Ешли Греам што се лесни за копирање
Таа е најпознатиот „плус сајз“ модел ", а конфекцискиот број 46 не ја спречи да стане една од најбараните модели. Ешли има своја линија на долна облека и костими за капење и завидлив стил што ги инспирира жените низ целиот свет.
Ви ги претставуваме четирите „аутфити“ на Ешли Греам, што се многу лесни за копирање.
1. Обично фустанче и мантил
Мантилот создава хармонија со црното фустанче, и ја претвара оваа комбинација во елеганен и урбан стајлинг.
2. Кроп-топ и широки панталони
Доколку имате килограм повеќе и мислите дека кроп топ не е за вас, погледнете како Ешли го прави тоа. Изберете топ со долги ракави и широки панталони со висок струк.
3. Обична маичка и здолниште
Опуштен стајлинг кој може да го носите и со високи потпетици, но и со патики. Белата маица е супер за здолниште со висок струк.
4. Бомбер јакна и хеланки
Доколку имате облини како Ешли, кога избирате спортска облека, направете го тоа во монохроматски бои.