4 знаци да внимаваат на своето здравје: Неделен хороскоп од 19 до 25 јуни
Јарец
Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност.
Водолија
Времето поминато со саканата личност е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана!
Риби
Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можете да си приуштите и мал шопинг. Обрнете внимание на крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем.
Фото: Freepik