40 години помлада, колку неговата ќерка, а велат - и личи како неа: Нереалната љубов на славниот актер која му го продолжува животот

Добивај вести на Viber

Долф Лундгрен на одмор со 40 години помлада свршеница

Шведскиот актер Долф Лундгрен (65) се бори со ракот веќе осум години, откри тој во подкастот на Греам Бесинџер. Сепак, и покрај тешката борба и страдање, тој наоѓа сила да ужива во животот на свој начин.


Многумина и денес не можат да разберат како успеал да заведе 4 децении помлада девојка, а на социјалните мрежи редовно ги „почестуваат“ со коментари на неверување, често и со навреди: „Таа може да биде твоја ќерка, дури и внука“, „Дали оваа ти е ќерка, не разбирам?“, „Разликата во години е преголема. Грозно“...

View this post on Instagram

A post shared by EMMA KROKDAL (@emmakrokdal)



Освен за разликата во годините, многумина го обвинуваат Лундгрен и за тоа што убавата Ема неодоливо потсетува на неговата ќерка Ајда.



Актерот со години се бори со ракот, а младата Ема беше покрај него во најтешките моменти низ кои минуваше.

- Многу го болеше устата, го болат рацете, не можеше ништо да јаде. Тоа беше тешка борба, тој слабееше. Сфатив дека е многу полошо отколку што мислевме, почнаа да зборуваат за тумори на белите дробови, желудникот, 'рбетот, бубрезите - раскажала Ема за борбата на актерот со злобната болест.


Инаку, пред да се прослави како Иван Драго во „Роки“, шведскиот актер Долф Лундгрен беше во врска со музичарката Грејс Џонс, со која имаше неверојатна врска. Не било невообичаено Грејс да се врати дома со други девојки, а потоа сите заедно да завршат во кревет. Како што вели, му било тешко да одржи такво темпо.

View this post on Instagram

A post shared by Vesa News (@vesanews.al)



- Некогаш доаѓаше со девојка, а утредента требаше да работам и слично - изјавил еднаш за The Sun. - Би рекол дека имаше најмногу по четири-пет девојки, можеби. Тоа звучи одлично во теорија, но кога ќе треба да станете утре наутро и да се борите со Силвестер Сталоне, тоа не е добра работа.


Кога доби шанса да го игра Иван Драго во „Роки“, преку ноќ стана една од најпознатите фаци во светот, а на неговата девојка не и беше лесно да се справи со тоа.

- Тоа е една од оние работи што понекогаш се случуваат во Холивуд. Некој сосема непознат станува познат преку ноќ. Се појавија други жени, таа беше љубоморна и не можеше да поднесе. Луѓето ме викаа на отворања... Беше многу тешко и за шест месеци заврши - се присетил Лундгрен.


ФОТО: Инстаграм