5 филмови кои ќе ви донесат моментален спокој и мир
Овие филмови се како јога!
Во чудни времиња како оние во кои живееме во
моментов, сигурно имаме повеќе време да останеме дома и да прибегнеме кон
повеќе гледање филмови, и тоа е совршено разбирливо. Филмовите имаат моќ барем
за еден момент да нè одвојат од реалноста, да не дистанцираат од нашите
проблеми за момент и да нè натераат да доживееме десетици различни емоции.
Но, во такви периоди, ние мора да ги избереме
внимателно филмовите што ги гледаме, за да не испадне дека откако ќе ги изгледаме, ние да сме повеќе
стресни, тажни и нервозни отколку порано.
Затоа ви нудиме список на 5 пријатни и срдечни филмови кои ќе да ви донесат мир на умот и неколку часови добар хумор.
„ Under the Tuscan Sun“ - Не можеме да патуваме во
моментов, но нема ништо лошо да се качиме на филмско патување со Дајан Лејн во
прекрасната Тоскана. Таа ја презема улогата на неодамна разведена жена која
спонтано се преселува да живее во романтична Италија и се соочува со авантурата
на нејзиниот живот!
„Lady bird“ - Има нешто
супер пријатно кога гледате група тинејџери како поминуваат
два часа обидувајќи се да сфатат кои се и што сакаат да прават со нивните
животи. Саундтракот на Аланис Морисет е вистински бонус што ќе ве натера да се
чувствувате носталгично за вашите тинејџерки години.
„It's Complicated “ - Неверојатната Мерил Стрип! Тоа е сè што треба да знаете за овој
филм - Кралицата на киното е во главна улога!
„The
Holiday“ - Не, не е Божиќ, но
овој романтичен филм ќе ве натера да се насмеете. Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Џек
Блек и секако Џуд Ло. Ако тоа не ве насмее, не знам. Плус, ќе го видиме Џуд
Ло без кошула во овој филм!
„Portrait
of a lady on a fire “ - Oвој
филм е полн со убавина. Секоја рамка изгледа како ренесансна слика и ќе ве
натера да заборавите на полицискиот час и на ова чудно време во коешто живееме.