5 идеи за совршен новогодишен стајлинг: Така ќе бидете во центарот на вниманието!
Новогодишната ноќ е опасно блиску до нас и време е да
размислиме за идеалниот стајлинг за најлудата ноќ.
Бидејќи оваа вечер е посебна, се‘ е дозволено. Правилото е - колку посреќни, толку подобро, велат модните експерти.
Пуштете ја вашата фантазија и блескајте во полн сјај. Доколку ви недостига инспирација, ние сме тука да помогнеме. Ви носиме 5 предлози за совршен новогодишен стајлинг.
Фустан на едно рамо и салонки, комбинација со која нема грешка. Класично и толку шик. Покрај тоа, овој рез визуелно ја прави фигурата похармонична.
Слип фустаните се‘ уште не се надвор од мода, а во нив секоја жена изгледа заводливо и женствено.
Сребрените светки се полн погодок.
Црвената е бојата без која не можат да поминат новогодишните прослави. Нема ништо лошо во костим во оваа боја.
Комбинезонот е одличен избор, а ако има и светки - совршен!
Фото: pinterest.com
Фото насловна: Фрее пик