5 IN и OUT есенски парчиња за жени 50+: Ви ги пренесуваме трендовите што треба да ги следите и избегнувате за беспрекорен стил

Добивај вести на Viber

Есента е идеално време кога можете да си играте со вашите аутфити и да ги комбинирате парчињата што ви се допаѓаат. Бидејќи само затоа што температурите се намалени, тоа не значи дека треба да ја спакувате омилената облека во плакарот. Напротив, со вешто комбинирање на „слоевите“ ќе добиете изданија кон кои сите ќе се свртат, а за тоа најдобро е да барате инспирација од инфлуенсерите кои одамна влегле во петтата и шестата деценија од животот, а со својот стил ги инспирираат дамите на нивна возраст и помлади.

Тие се согласуваат во едно - годините не се мерило за тоа дали треба или не треба да носите нешто, но поентата е дека она што го носите прави да се чувствувате подобро, поубаво и ви дава самодоверба. Сепак, одредени трендови можат значително да ви помогнат во тоа, а еве што советуваат некои од водечките жени со стил кога станува збор за есенската мода.

Откријте ги парчињата IN и OUT за есен 2023 подолу.

1. Изберете: опуштени фармерки

Избегнувајте: тесни фармерки


Фармерките со опуштена форма направија големо враќање, особено оние со висок струк. Најдоброто кај овој модел е тоа што ги прават нозете подолги, а половината витка, а се идеален избор и за дневна и за вечерна верзија.

2. Изберете: пократки јакни

Избегнувајте: подолги јакни


Секако, никој нема да ви замери ако се држите до омиленото долг тренч палто или капут, но за поимагинативни моменти, задолжително погледнете ги пократките јакни. Посебен белег се кожените јакни и моторџиските кои изгледаат добро со сите стилови и без разлика на возраста.

3. Изберете: предимензионирани откопчани кошули

Избегнувајте: тесни кошули


Можностите за комбинирање на предимензионирани кошули се бескрајни. На сите им прилегаат фантастично и за разлика од фит моделите, нема да морате да се грижите дали ќе ги истакнат сите ваши „несовршености“. Особено добро изгледаат со меки кардигани и фармерки, а советот е да си поиграте со аксесоарите, особено со долгите ланчиња со медалјони.

4. Изберете: миди и макси здолништа

Избегнувајте: здолништа до колена


Макси и миди здолништата ќе ја издолжат вашата фигура и на најубав начин ќе ја истакнат вашата половина. Додадете добра кошула, впечатлив ремен и спремни сте, особено ако го заокружите изданието со тренди чизми како каубојки.

5. Изберете: „slingback“ чевли

Избегнувајте: стандардни чевли


Класичните чевли секогаш ќе имаат свој момент, но ако навистина сакате да го подигнете вашиот аутфит на следното ниво, познатите трендсетерки препорачуваат секогаш да ги имате на ум „slingback“. Тие изгледаат одлично со речиси сѐ, вклучувајќи панталони со висок струк, тексас, здолништа и фустани.


Извор: elle.rs