5 нови работи кои ги научивме за коронавирусот месецов: Ова не се митови!
За новиот вид на коронавирус, за вакцините, за можните последици од вакцинацијата и за тоа кој смее и кој не смее да ја прима вакцината против ковид-19.
Сите знаеме дека вирусот е релативно нов во медицинскиот свет и дека истражувачите сè уште учат за тоа. Тешко е да се следи што е вистина, што е мит и кои упатства да се следат, имајќи предвид дека досега сме слушнале сè за ковид-19.
Затоа, ги сведуваме сите нови информации за коронавирусот на 5 основни:
1. Постојат нови видови на коронавирус.
Постојат неколку заразни видови на коронавирус, а во моментов се шири и британски вид на вирус, што е крајно заразен (до 40% повеќе од постојниот), но има скоро исти карактеристики како постојниот вирус.
Не е ново и необично што вирусот мутирал, бидејќи така функционираат РНК вирусите - за да преживеат, тие се прилагодуваат на новите услови, т.е. мутираат.
Моментално, се смета дека постојните вакцини се ефикасни против нови видови на коронавирус.
2. Можни се алергиски реакции на вакцината - но исклучително ретки.
Алергиските реакции на вакцината се исклучително ретки, но препорачливо е да се чека 15 минути по вакцинирањето, со цел да се следи состојбата на пациентот.
Совет е дека оние кои претходно имале алергиски реакции на други вакцини, треба да се консултираат со својот лекар пред да примат вакцина за коронавирус.
3. Дали луѓето кои биле вакцинирани против коронавирус сепак можат да бидат заразни?
Со оглед на исклучително брзото темпо на развој на овие вакцини, не е целосно испитано дали оние кои примаат вакцина за коронавирус се' уште можат да бидат заразени.
Совет е сите да носат маски и да држат дистанца, барем додека не поминат 20 дена од втората вакцинација против коронавирусот.
4. Американците сметаат дека бремените жени и родилки треба да се вакцинираат.
Во декември, Американскиот колеџ за акушери и гинеколози ги обезбеди првите официјални упатства за вакцинација против КОВИД-19 за жени кои се бремени или дојат, заклучувајќи дека тие треба да бидат вакцинирани и покрај фактот дека не е направено истражување за тоа одредено население.
Оваа асоцијација вели дека жените апсолутно треба да имаат пристап до сите информации што им се достапни за безбедноста на вакцините во минатото (повторно, во овој момент, не многу) и дека треба да бидат охрабрени да разговараат со своите лекари за нивните можности. Со други зборови, не треба да има дополнителни бариери за бремени жени кои сакаат да се вакцинираат, пишува Хафингтон пост.
5. Вирусот може да навлезе директно во мозокот
Вистина е дека секој ден пристигнуваат се повеќе информации за вирусот. Најновите истражувања сугерираат дека вирусот може директно да стигне до мозокот. Студиите се сомневаат дека вирусот предизвикува голем број невролошки симптоми, вклучително и „ковидна деменција“, но и вртоглавица и нерамнотежа.
Вистина е дека ковид не „цели“ само кон белите дробови, туку и другите органи.
извор:stil.kurir.rs
-Голема тага: Почина 10 годишно момче – најмладата жртва на ковид-19
-Што советува српска лекарка: Најголемите дилеми и лаги за кинеската вакцина