5 операции, сепса и сè уште се бори: Бебе на 9 месеци проголта топче, мајка ги предупредува сите родители

Добивај вести на Viber

Мајката на 9-месечното девојче кое се бори за живот ги предупреди сите родители со мали деца дека доколку ги имаат овие топчиња во куќата, што поскоро да ги исфрлат

Малите деца зграпчуваат разни предмети и прво што прават - ги ставаат во уста. Децата го запознаваат светот преку нивнита уста, па тоа е апсолутно нормално, но на родителите е должност да обезбедат безбеден простор за живеење и да стават надвор од дофат сè што не треба да им дојде во раце.

Ако имате и постаро дете, многу е важно да го научите и што не треба да му дава на бебето. Колку е важно, објаснува мајката по име Мишел, чија деветмесечна ќерка доживеала страшна несреќа поради која можела да го загуби животот, а тоа е поради една ситница на која нема да ви текне никогаш.Ова бебе проголта водено топче со кое си играл нејзиниот постар брат, а родителите не забележале веднаш. Меѓутоа, нејзината здравствена состојба се искомплицирала, па родителите решиле да го однесат бебето на лекар.

„Таа доби сепса и падна во шок, а органите почнаа да ѝ откажуваат. Имаше опасност да ја изгуби раката поради згрутчување што ѝ ја запре циркулацијата. А сето тоа се случи затоа што проголта едно топче со вода. Пред тоа, немаше никакви симптоми, само температурата ѝ беше покачена. Меѓутоа, кога се појави температурата, нашето бебе веќе имаше сепса“, објасни мајката, чија ќерка досега имала пет операции и сè уште не е целосно закрепната.

Таа сакаше да ја сподели својата приказна и да ги предупреди сите родители да не им купуваат вакви играчки на своите деца, а доколку ги имаат во домот веднаш да ги фрлат. Многу родители ѝ се заблагодарија за искуството што го сподели.


Што се водени топчиња?

Тие се всушност многу мали топчиња кои се ставаат во некој сад и потоа се прелеваат со вода. Со текот на времето, тие набабруваат и стануваат лигави, но можат да се користат за различни намени. Некои дури ги препорачуваат и за сензорен тренинг кај децата, но по ова предупредување, најдобро е целосно да ги избегнувате.

Извор: yumama.mondo.rs