5 трикови за глам изглед на новогодишната ноќ: Едноставно и евтино, а ефектот е волшебен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Влезете во 2022 година со стил, со впечатлива шминка и впечатливи детали, бидејќи има малку можности во текот на годината кога можете да си дадете одврзани раце и да се нашминкате во стил на холивудска ѕвезда за специјална премиера или пејачка за спектакуларен концерт. Но, новогодишната ноќ е изговор за малку кич и многу светки! 

Овој пат ви пренесуваме пет едноставни трикови за убавина кои ќе го подигнат вашиот изглед на ново ниво, а не чинат многу и лесно ќе ги испробате:

1. Светки на очите

Ако нешто е добар изговор за половина килограм светки на вашето лице, тогаш тоа е новогодишната ноќ! Добра сенка со светки и молив за очи, и блеснете!

фото:pinterest

2. Допир на злато на ноктите

Повеќето жени сакаат убави, добро обликувани нокти, а Новата година дефинитивно бара посебен маникир! Нека ве инспирира златната боја - празнична и шик, а од еден поглед на златните, сјајни нокти „паѓаме“ во празнично расположение.

фото:instagram

3. Сјајни детали во косата 

Сјајните прамени во косата се забавен, младешки тренд и тинејџерките го обожаваат, но за новогодишната ноќ - дозволено е за секого! Едноставно купете металик прамени и украсете ја косата со нив, а ако ова ви е премногу, секогаш можете да се истакнете со шноли со циркони.


фото:instagram

4. Црвени усни 

Ништо не е толку секси или заводливо како црвениот кармин! Ни дава доза на гламур и елеганција, каква и да е нашата облека, и не прави диви за миг. Одберете ја нијансата што ви одговара и уживајте во вамп ефектот!

фото:profimedia

5. Циркони на вашето лице 

Го сакаме овој тренд и дефинитивно Новата година е вистинското време да го пробате! Околу очите, па дури и да не е на очните капаци, туку до нив, залепете мали циркони, мониста или светкави налепници - ефектот ќе биде неверојатен! 

фото:pinterest


извор:zena.blic