5 знаци на лоши бенки: Меланомот е еден од најопасните ракови

Добивај вести на Viber

Секоја личност има бенки по своето тело. Стручното мислење е дека секоја бенка е опасна, ако доживее механичко оштетување. Меѓутоа постојат и оние бенки кои се развиваат во меланом. Еве како да ги препознаете...

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови на рак, кој се развива прилично брзо. Поради тоа е многу важно да знаете да ги разликувате опасните бенки кои можат да се претворат во меланом. 

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, т.е. со неправилен облик и има чудни граници, тогаш одете на лекар дерматолог.

Заматена граница: Ако границата на бенката е нејасна и мата и не можете да одредите точно каде се наоѓа.

Боја: Нормалната бенка е еднобојна, воглавно смеѓа. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темно смеѓа, бела, па дури да има и неколку бои наеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или друга боја на кожата.

Димензија: Нормалната бенка не е поголема од половина центиметар. Меѓутоа не е секоја бенка меланом. Ако имате голема бенка, задолжително посетете лекар, за да немате сомнежи.

Чувствителнот: Ако чувствувате непријатност кога ќе го допрете младежот, ако ве чеша или боли- тоа е знак на меланом.

Што да направите?

Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенките, задолжително веднаш обратете се на дерматолог. Немојте да паничите. Откривањето на меланомот во рана фаза е сосема излечиво. Статистиката вели дека меланомот во рана фаза е излечив во 98% од случаите.

Кој е најдобар и најбрз начин за дијагностика на пигментни промени?

Компјутерската дерматоскопија е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа. Овој преглед треба да го препуштите во рацете на профеционалци кои долги години се број еден во оваа област, ординација „Д-р Анчевски“.

Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. После извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи светски прифатени класификации за анализа на истите.

Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период. Во случај да постои било какво сомневање се предлага биопсија и оперативно отстранување.

Како да се заштитите од меланом?

Прво прегледајте во своето тело и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го своето тело. Ако воочите било каква промена на бениките- јавете се на лекар. Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние кои стрчат или оние кои се во пределот на пазувите, појасот, градите... Не ја одбивајте оваа процедура, бидејќи е безболна и не остава трагови на кожата.

Бенките се генетски детерминирани и ниту еден медицински препарат  не може да го спречи и первенира нивното појавување.

Бенефит има само од крема со висок заштитен фактор, редовна контрола со компјутерски дерматоскоп и первентивно отстранување, какво што нуди ординација „Д-р Анчевски“.