55-годишната актерка никогаш не изгледала подобро: Фаталната Салма Хајек блеска во комбинација со животински принт
Таа избра да носи интересна комбинација за гостувањето во „Џими Кимел Лајв“.
Актерката Салма Хајек беше фотографирана на улиците во Лос Анџелес, Калифорнија, додека одеше да го снима шоуто „Џими Кимел во живо“ во волшебна комбинација на облека.
Таа одлучи за шоуто да носи сакосо животински принт и панталони од брендот Ели Сааб, што донесе посебна нота на нејзиниот стајлинг со нивниот крој. Панталоните имаат широки ногавици кои ги покриваат нејзините чевли, а од страна се украсени со црна линија како и сакото од ист дизајн.
Носеше и црна транспарентна блуза, накит, но и црни чевли со високи потпетици.
На возраст од педесет и пет години, актерката доби улога во новиот филм на Марвел „Ајак“, и истакна дека е позитивно изненадена од оваа ситуација, бидејќи не очекувала такво нешто:
- Бев шокирана кога ја добив улогата во педесеттите години. Чувствував возбуда и благодарност, не само поради специфичната ситуација, туку и поради можностите што се отвораат во иднина - изјави таа за списанието ААРП.
извор:GLOSSY / фото:PROFIMEDIAГАЛЕРИЈА: