„6 години се каам, 6 години немам кој да ме утеши“: Болна објава на најтешкиот ден за Јелена Карлеуша

Јелена на социјалните мрежи објави насмеана фотографија од нејзината мајка заедно со болна порака, во која ја изрази својата тага поради смртта на нејзината мајка и жалење што не ја покажувала својата љубов почесто.
Денес, 3 март 2025 година, се навршуваат шест години од смртта на поранешната радио водителка Дивна Карлеуша.
Нејзината ќерка, поп-дивата Јелена Карлеуша никогаш не криела колку била приврзана за мајка си и секоја година на овој ден ги споделува своите најдлабоки емоции и сеќавања за Дивна.
Јелена овој пат на социјалните мрежи објави насмеана фотографија од мајка си заедно со болна порака, во која ја изрази својата тага поради заминувањето на мајка си и жалење што не ја покажувала својата љубов почесто.
- Денеска се навршуваат 6 години откако ја изгубив мајка ми. 6 години немам кому да се пофалам, 6 години немам кој да ме утеши, советува, заштити... Немам половина срце 6 години. „6 години се каам што не ѝ реков дека ја сакам повеќе, не ја гушкав повеќе... Прегрнете ги цврсто вашите мајки и кажете им дека ги сакате најмногу на светот“, напишала Карлеуша во описот на сликата.За потсетување, Дивна Карлеуша почина на 3 март 2019 година, на 61-годишна возраст, по долга борба со болеста.
Во последните години од животот имала сериозни здравствени проблеми, а нејзината ќерка Јелена и поранешниот зет Душко Тошиќ направиле се за да ѝ пружат најдобра медицинска нега и да и ја олеснат борбата.
Споменот на Дивна Карлеуша и денес живее преку зборовите и постапките на нејзината ќерка, која и по шест години не ја крие болката од нејзиното заминување.