Ги има најголемите гради на естрадата, а не се жали на кичма: Претрпе неколку операции, и сега не се двоуми да ги покаже (ФОТО)

Освен како Дара Бубамара е позната и како една од сопственичките на најголемите гради на шоубиз-сцената во соседна Србија.
На Инстаграм профилот на Дара Бубамара можете да видите еден куп провокативни слики во рани костими за капење, на кои пејачката слободно и смело позира и ги истакнува своите облини, кои секој пат предизвикуваат хаос на социјалните мрежи, а на коментарите им нема крај.
Таа неколку пати ги зголемувала градите, а како што неодамна објавија локалните медиуми, имала уште една корекција, па сега наместо „седумки“ има „осмици“.
Се дознава дека пејачката тајно била оперирана, а потоа им се пофалила на најблиските пријатели дека сега има уште поголеми гради.
Нејзината пријателка изјавила дека Дара е пресреќна, а и покрај тоа што има огромни гради, кичмата воопшто не ја боли.
Според понатамошните извештаи, пејачката на оваа процедура потрошила 4.500 евра, а нејзините гради сега наводно тежат 1,6 килограми, пишуваат медиумите.
FOTO: Instagram printscreen