Родители нападнале наставничка и тоа во скопско училиште: Но има и друг настан

Денес ситуацијата на релација училиште- родител- наставник е многу поинаква од порано. Авторитетите во училиштата не секогаш се авторитети, децата не секогаш се во право, па и наставниците, а родителите исто така имаат многу поголем удел во нивното влијание врз наставниците од порано. Крајниот исход често е со несакани последици. Тоа мора да се смени во нашето општество.
Најновиот пример е овој:
Родители нападнале наставничка во едно скопско училиште.
Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека вчера ја нападнале родителите на нејзината ученичка.
Тие ја нападнале 48-годишната наставничка во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Но, во полиција има и друга пријава за настан од вчера, односно родител пријавил дека наставничка во училиште на Бит Пазар нападнала неколку ученички во соблекувалната.
Меѓудругото, во пријавата се наведува и дека наставничката зад која стојат иницијалите Е.Ј. употребила и дрвен предмет.