Консумирајте ги со партнерот: 6 намирници кои ја зајакнуваат вашата плодност

Добивај вести на Viber

Постојат некои видови храна кои наводно ги подобруваат шансите да станете родители..

Иако не постои медицинска потврда и гаранција за 100% сигурност дека внесувањето на овој вид на храна да ви помогнат вам и на вашиот партнер да станете суперплодни, дефинитивно вреди да се проба. Имено, сите знаеме дека некои од вистинските чуда понекогаш се сокриени во природата. Еве некои за кои се верува дека помагаат на либидото и ја зголемуваат плодноста...

Чоколадо

Содржи фенилетиламин. Тоа е молекула која популарно се нарекува „молекула на љубовта". Тоа е мала молекула која е структурно слична со лекот амфетамин. Фенилетиламин и амфетамин ја намалуваат активноста на делови на мозокот кои се поврзани со критичко размислување. Во исто време, ги активираат оние области во мозокот кои се поврзани со чувството на еуфорија. Затоа се вели дека љубовта е слепа. Кога сме лудо заљубени, добиваме адреналин, имаме многу енергија, не треба да спиеме или да јадеме. Љубовта нѐ храни и ни дава сила да функционираме. Исто така ја стимулира секрецијата на сексуалните хормони, што создава чувство на возбуда. Чоколадото исто така содржи триптофан, природен „љубовен" лек кој го промовира производството на серотонин, хормон на среќа.


Семиња од коприва

Овие семиња содржат изобилство лековити состојки: витамин Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган и бакар. Семето од бакар има докажано антибактериско, антивирусно и антиинфламаторно дејство, подобрување на квалитетот на крвта - чисти крвни садови, но исто така и црн дроб. Покрај тоа, тие ја зголемуваат потенцијата кај мажите.


Школки

За школките долго време се зборува дека се еден од најефикасните афродизијаци. Постои една приказна за големиот заводник Казанова кој својот сексуален нагон го зголемувал со јадење школки- па дури и педесет парчиња за појадок!  Школките- содржат две амино киселини, кои го стимулираат растот на полови хормони кај мажите (тестостерон) и жени (прогестерон). Покрај тоа, се полни со цинк, што може да го зголеми бројот на сперматозоидите и да го зголеми интензитетот на сексуалниот врв.


Калинки

Калинката е симбол на плодноста. Меѓу другото, има богат извор на витамини и минерали - како што се витамин Б, калиум и елементи во трагови. Сокот од калинка ја подобрува еректилната функција и го зголемува квалитетот на спермата. Резултатите од студијата покажаа дека мажите и жените кои секојдневно пијат чаша сок од калинка имаат зголемено ниво на хормон тестостерон, што ја зголемува сексуалната желба.


Ѓумбир

Според некои истражувања, ѓумбирот го поттикнува производство на сперма и нивната мобилност. Се препорачува за мажи, особено за како чај.


Босилек

Босилекот ни е познат како додаток на оброците - особено италијанските тестенини. Оваа ароматична билка, која припаѓа на семејството на нане, го загрева телото и го забрзува крвотокот - што ја зголемува сексуалната желба и севкупното добро чувство. Се вели дека мирисот на босилек ги „пали“ мажите, па некои жени тријат босилек на своите гради.