8 супер продукти за слабеење
Бадеми
Бадемите се совршен извор на растителни влакна, масти и протеини. Тие даваат чувство на ситост и обезбедуваат важни супстанци кои му се потребни на метаболизмот како што се моно незаситени и полинезаситени масни киселини, витамин Е и протеини.
Пуканки
Домашни пуканки подготвени без многу масло за готвење и засилувачи е одлична ужина. Тие се богати со растителни влакна и протеини. Тие придонесуваат за губење на тежината затоа што го потиснуваат гладот, обезбедуваат малку заситеност и го спречуваат внесувањето на други калорични грицки.
Овошје
Плодовите се исклучително корисни. Природните шеќери кај нив не се споредливи со оние во десерти и слатки. Сепак, мора да се внимава со количината на консумирано овошје. Јадете овошје секој ден бидејќи богатите влакна и антиоксидансите во нив придонесуваат за слабеење.
Лосос
Лососот е исклучително богат извор на квалитетни протеини и омега-3 масни киселини, кои се многу важни не само за слабеење, туку и за целиот организам и за неговите функции.
Кисело млеко
Киселото млеко е многу богато со протеини и пробиотици, природни корисни бактерии кои му помагаат на дигестивниот тракт. Редовното консумирање на кисело млеко помага за регулирање на тежината и забрзување на метаболизмот.
Мешункасти растенија
Мешунките се прекрасна намисрница за диета и за губење на тежината, бидејќи тие главно се состојат од растителни протеини и јаглехидрати со бавно растворање, богата со растителни влакна и здрави масти.Нивната консумација не предизвикува нагло зголемување на шеќерот во крвта, што не само што спречува дијабетес, туку спречува и прекумерна тежина. Тие помагаат во намалување на холестеролот, крвниот притисок, штитат од кардиоваскуларни заболувања.
Јајца
Јајцата се богати со протеини, здрави масти и основни хранливи материи како што се витамин Д и холин. Протеинот е оној што го забрзува метаболизмот и води до губење на тежината, додека обезбедува заситеност и енергија во поголем дел од денот.
Авокадо
Авокадото е многу богато со моно незаситени масни киселини, диетални влакна, калиум и фитохемикалии. Луѓето кои јадат авокадо често имаат понизок индекс на телесна маса, помала тежина и обем на половината, што е важно за спречување на дијабетес, срцеви заболувања и хормонална нерамнотежа.