9X ефект

Добивај вести на Viber

Бев вчера на козметички третман во салонот каде што одам и ми понудија маска која има 9 пати поголем ефект. Всушност тоа и не е обична маска за лице, туку ЛЕД маска која се става на лицето и која преку своето зрачење обезбедува 9 пати поголем ефект на лицето, отколку само да се нанесе на лицето.

И додека седев 20 минути чувствувајќи се како “Фантомот од Операта” со таа ЛЕД маска на моето лице не можев да не почнам да размислувам за нашата тенденција да ги забрзуваме работите .

Животот ни оди кон тоа “Побрзо да завршам”, “Побрз ефект да има”, “Побрзо да помине ова сега” и така некако се вртиме кон низа настани за да го забрзаме времето или пак да го запреме за момент, наместо да живееме денес и сега, тука.

Зошто имаме потреба да ја размислуваме иднината, а одбиваме да ја живееме сегашноста?

Сите што го гледале класикот “Запознај го Џо Блек”, со Ентони Хопкинс и Бред Пит сигурно се сеќаваат на репликата,  “Посакувам да имате живот среќен како мојот, каде може да се разбудите едно утро и да кажете, Не сакам ништо повеќе. Шеесет и пет години. Поминаа дур да трепнеш.

“ Не сакам ништо повеќе. “

Оваа реченица ме воодушевува секојпат кога ќе ја прочитам. Од друга страна метафората со ЛЕД маската и нејзиниот 9x ефект ме наведуваат да размислам дали навистина можеме да ја забрзаме сегашноста за да ја живееме “иднината денес”.

Добро сегментиран и организиран по детали во една Гантттабела тој 9x ефект го замислувам вака:

Па ако знаеме што да правиме, тогаш зошто да ја забрзуваме иднината и не се посветиме да ја живееме сегашноста, па да кажеме денес “ Имам се што ми треба. Не сакам ништо повеќе. “

* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019