Адел се надмина себе си: Никогаш погламурозна воодушеви со ова издание
Адел најави нов спот кој излегува за неколку дена, а во црвен фустан воодушеви милиони свои обожаватели.
Новиот албум на светската суперѕвезда Адел наречен „30“ ги собори сите рекорди и заврши на врвот на светските топ листи, а пејачката годинава најави голем број нови изненадувања за своите фанови. Првото од нив е спотот за песната „Oh My God“ кој се очекува да излезе на 12 јануари - утре, а пејачката блесна на најавната фотографија на спотот.
Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во се погламурозно издание.
Таа е облечена во прекрасен црвен фустан и држи јаболко во раката, а добиваше само комплименти. За помалку од еден ден фотографијата им се допадна на над четири милиони луѓе. „Изгледаш божествено“, „Едвај чекам да го видам видеото“, „Никогаш не си изгледала поубаво“, „Ти си вистинска кралица“, „Се надмина себеси“, се само дел од комплиментите .
33-годишната Адел има многу причини за славење, а неодамна истакна дека е пресреќна со новото момче Рич Пол од кого не се разделува. По разводот од милијардерот Сајмон Конецки, со кој беше во брак пет години и заедно го имаат деветгодишниот син Ангел, Адел среќата ја најде со седум години постариот спортски агент.
Минатата година пејачката ги изненади сите со својот никогаш послаб изглед, а судејќи по се што зборува во последно време, навистина никогаш не била посреќна.
Фото: Инстаграм