Административците кои седеа дома конечно ќе тргнат на работа: Владата го усвои планот

Владата денеска го усвои планот за распределување на административните службеници
вработени преку програмата К5, соопшти привиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби. Тој вели дека новите решенија за работа ќе бидат доделени до
административните службеници во наредните денови. Тоа се вработени по Рамковен договор а од Владата велат дека опфатени се вкупно 1.349 вработени по К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација  на работни места во институцијата во која се распоредува.

При изработка на планот земена е во предвид моменталната состојба на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во институциите кои треба да преземат вработени, потребата од зголемување на бројот на човечки ресурси во тие институции, како и моменталните слободни работни места во тие институции.

Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк