„Аџибадем Систина“ бесплатно ќе лекува деца болни од ковид-19: Ќе го преземат и лекувањето на Лазе Најдовски

Добивај вести на Viber

Синоќа се огласи и д-р Владимир Чадиковски на Твитер, потврдувајќи дека „Аџибадем Систина“ ќе ги покрива трошоците за лекување на децата болни од ковид-19.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вчера се огласи по апелите во јавноста за помош на Лазе Најдовски, чија ситуација се влошува како последица на Ковид – 19.

Од болницата рекоа дека се подготвени да го преземат лекувањето на Лазе. А покрај тоа соопштија и дека се подготвени за бесплатно лекување на сите деца болни од ковид, до 18 години.

„Нашата болница ќе направи се што е потребно за неговото здравје. Дополнително ве известуваме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19“, информираат од „Аџибадем Систина“.