Агнеса се пофали со модерната кујна: Ги отвори вратите од реновираниот дом за Женски магазин (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Скопјанката Агнеса Органџиева е една од најследените дами на Инстаграм каде ја седат повеќе од 50 000 луѓе.

Со објавите често знае да привлече внимание, а неодамна го уредуваше домот.

Таа е оригинална, ужива во игрите на стилот, идејата за уредувањето на нејзиниот стан е лично нејзина. Неодамна целосно ја реновираше и кујната, а за Женски магазин вели дека ентериерот на целиот стан е мешавина од модернистичко со стилско.

Станот е изработен со помош на архитект, чии визии заедно со нејзините создале интересна приказна.

View this post on Instagram

A post shared by Agnesa Organdzieva  (@agnesaorgandzieva)



Во елегантно наместениот простор доминираат белата и бојата на дрвото, а на ѕидовите има разно-разни украси.

Ни испрати неколку фотогтрафии од нејзиното бајковито царство, а со вас ги споделуваме подолу.

Агнеса многу внимава на детали и сака детали, а кога ќе ѝ дојдат гости вели дека сакаат да се чувствуваат како дома.

На професионален план таа е дипломиран правник, додека приватно е мајка на две ќерки – поголемата Вивиен и помалата Тифани.

Агнеса моментално живее во станот со помалата ќерка, додека поголемата е на студии во Словенија.

Она што можеби не го знаете за неа, е дека дома чува змија, кралски питон која се вика Раја.




Р.Ж.М.