Со Агнеса на патување во Норвешка: Полуостровот Ставангер фасцинира со природата

Добивај вести на Viber

Патувањето е нашиот прозорец кон светот. Особено денес кога со помош на социјалните мрежи секој преку фотографии и видеа ги споделува своите искуства, доживувања и авантури. Колку пати сте кликнале лајк на фотографија на пријател на Фејсбук или Инстаграм, само размислувајќи „што би било ако сте вие на тоа место“.

Иако е погодно, понекогаш е и возбудливо, но не може да се спореди со вистинското патничко искуство. Можеби гледањето фотографии на социјалните мрежи за момент ќе ви го подигне расположението, можеби егзотичните дестинации и спектакуларните пејзажи веднаш ќе ве збунат, но единствената поента на скрулање и гледање на овие фотографии е да ве инспирира и да ве натера сами да патувате!

Можете да гледате безброј туристички емисии, да ги впивате глетките од малиот екран, да читате книги за егзотични дестинации, но ништо од тоа не се споредува со искуството на самото патување, со исчекување да пристигнете некаде на сосема ново и неистражено место.

Чувството да се пристигне на ново место, град, село, планина, море и да се открие тој свет е единствено и неописливо. Од дегустација на некои нови вкусови, до откривање скриени агли на градот, уникатни плажи, запознавање странски јазици и култури, ќе има неверојатно влијание врз секој од вас.

Патувањето нè принудува да се развиваме и да ги запознаеме другите и себеси. 


На тема патувања зборувавме со познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева.

Таа со нас сподели кое патување досега ѝ оставило најубав впечаток и зошто токму тоа?


„Егзотичните патувања се најпосакувани секому па и на мене… ама овој пат егзотичните дестинации ќе ги оставам на страна бидејќи сакам да одвојам една скандинавска земја а тоа е Норвешка, која што опфаќа планини, глечери и длабоки крајбрежни фјордови како на пример Осло главниот град кој што е и град на зелени површини и музеи. 


Зачуваните викиншки бродови од 9 век кои што се изложени во Музејот на викиншки бродови во Осло. Го издвојувам и полуостровот Ставангер во југозападна Норвешка, каде што бев фасцинирана од природата. Јадрото на Ставангер е во голем степен дрвени куќи од 18 и 19 век кои се заштитени и се сметаат за дел од културното наследство на градот. 


На секои две години, Ставангер организира Offshore Northern Seas (ONS), што е втора по големина изложба и конференција за енергетскиот сектор. Фестивалот на храна Gladmat исто така се одржува секоја година и се смета за еден од водечките фестивали на храна во Скандинавија. Градот е исто така познат по тоа што е еден од главните кулинарски кластери на нацијата“, ни раскажа Агнеса која често патува.


А колку патувањата влијаат врз неа, односно ја менуваат како личност?

„Првото нешто од секое патување е кога се враќаш дома и адаптација од целокупното доживување. Секако промената на чувство е сѐ уште присутна како и возбудата. Промената како личност е достапна во првите 2 недели потоа се враќам во реалноста… зошто? Бидејќи мојата личност е веќе изградена“, потенцира Агнеса. 


Топ три работи кои Агнеса секогаш мора да ги има со себе, вели дека се нејзините креми за лице, парфеми и шминки.


За крај, Агнеса ни откри дека дестинации кои не ги посетила, а се на нејзината листа се Аруба, Куракао, Доминикана, Кариби, Јамајка, Аргентина.



Ирена.С