„Ако целулитот ви е најголема грижа - не сте ни свесни за вашата среќа“: Најпознатиот плус сајз модел на Балканот покажа облини - оваа жена е секси

Првата и најпопуларна хрватска плус сајз манекенка, Луција Лугомер, е позната по своите предизвикувачки фотографии, но и по нејзината посветеност жените да се прифатат такви какви што се, и секојдневно работи на тоа сите жени, без разлика на големината, да се чувствуваат добро во сопствената кожа.

Луција има наклонетост од публиката и јавноста, сите се согласуваат дека е убава и дека килограмите ѝ стојат одлично, но таа сепак често наидува на критики и осуди. Сепак, оваа бринета тоа не го зема здраво за готово и гласно и јасно води сметка за хејтерите, а и не се двоуми да одговори на негативните коментари.

Лугомер е целосно посветена на целта да ја промени атмосферата во општеството и да го направи попријатно место за сите жени.

Убавата бринета овој пат сподели волшебна фотографија во атрактивен, едноделен костим со дезен на леопард, гордо покажувајќи ги своите облини, но и нијансите на несовршеностите, кои всушност ја прават автентична, вистинска жена, блиска до сите нас.


Заедно со заводливата фотографија, познатата Хрватка испрати и моќна порака до сите дами, потсетувајќи нè уште еднаш колку е краток животот и колку е важно да се ужива во моментот, а не да се оптоваруваме со целулит, стомак, вишок или недостаток на тежина и несовршености на телото воопшто!

View this post on Instagram

A post shared by LUCIJA LUGOMER (@lucija_lugomer_official)


„Ајде луѓе, се живее само еднаш! Не е важно кој зборува, туку што се зборува. Среќа е кога целулитот е најлошиот кошмар на луѓето, се надевам дека сте свесни колку сте блажени и дека не знаете за вистинските проблеми. Сè додека не се потрудиш никој нема да те натера да се чувствуваш добро, а овој живот е толку краток за губење време и солзи. За летото не се секирајте, не зборувајте туку живејте“, им порача на сите оваа 29-годишна девојка.

Нејзините фотографии собраа грст лајкови, како и бројни комплименти и коментари за поддршка.


Фото: Инстаграм