„Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам отстранете ми ги двете гради“: Шерон Стоун сите ги допре со интимното обраќање

На церемонијата на Женскиот фонд за истражување на ракот, на славната актерка Шерон Стоун ѝ беше врачена награда за храброст. По тој повод одржа емотивен говор кој расплака милиони гледачи, а откри дека моментално води битка со тумор. 

„Обично зборувам кратко и не ми е гајле што ќе кажат другите“, рече таа на почетокот, а потоа продолжи да зборува за проблемите со кои и самата се соочи.

„Овие мамографи не се забавни. Отидов во болница и им реков: „Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам отстранете ми ги двете гради.“ Јас не сум личност која ја дефинираат моите гради. Сите ги видовте како изгледаат преку моите фимови. А ги видовте моите гради по операцијата, дури и не знаевте, рече актерката, која беше подложена на операција за реконструкција на градите во 2001 година, откако ги отстрани бенигните тумори.


Шерон во ноември минатата година добила погрешна дијагноза, а кога побарала мислење од друг лекар, дознала дека има голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани. Фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката. Најчесто се појавуваат како повеќе туморски маси кои растат бавно и често не предизвикуваат симптоми. Шерон за време на својот говор се обидела да ја мотивира толпата да донира пари, а потоа се расплакала.

„Знам дека е тешко да се испрати СМС порака за да се уплатат пари, барем така е за мене, не сум најдобра со технологијата, но можам да напишам чек. Иако сега е храбар потег... Само што изгубив половина од моите пари во една ситуација со банката, но тоа не ме спречува да дојдам овде“, изјавила актерката. Шерон го спомна и нејзиниот брат Патрик, кој почина минатиот месец на 57-годишна возраст.

„Мојот брат штотуку почина, но тоа не ме спречи да дојдам овде. Не е лесно време за никој од нас, но еве што ќе ви кажам. Не сакам некој политичар да ми кажува што можам да кажам и што можам да правам, како можам и не можам да живеам, која е вредноста на мојот живот. Стани и кажи колку вредиш. Те предизвикувам. Тоа е храброста“, заклучи таа.

Да потсетиме, Шерон Стоун на 14 години ја удри гром, во 2001 година преживеа тежок мозочен удар, претрпела злоставување, а во јуни минатата година за прв пат проговори за борбата за потомство. Имала девет спонтани абортуси и посвоила три момчиња. Тој денеска води нова борба за здравјето, а за деталите редовно ја информира јавноста.

Фото: PHILLIP FARAONE/GETTY IMAGES FOR WCRF

Извор: Жена блиц