Ако одите во фризерски салон таму ве чека нов ценовник
Откако се зголемија цените на струјата и репроматеријалите, фризерите во Македонија ги поскапеа услугите.
Димче Ивановски, претседател на Фризерската асоцијација на Македонија вели дека за 10 до 20 отсто скокнале цените на сите репроматеријали кои тие ги користат, почнувајќи од шампони, хидрогени, бои за коса и ред други работи. Ивановски објаснува дека сите фризерски салони во земјава веќе работат по нов ценовник.
„Во контакт сум со нашите членови и сите ги имаат поскапено услугите. Ако некој продолжи да работи по старите цени, свесно ќе биде во загуба. Знаеме дека струјата поскапе, така што мораше да се случи поскапувањето на услугите, и општо има поскапување на сите занаетчиски услуги во земјава. На фризер се оди од две причини, и тоа хигиенски, еднаш во месецот за да се скрати косата и декоративни, за фенирање, средување. Не верувам дека поради новите цени, луѓето ќе намалат со посети на фризер, затоа што се работи за навики. Тој што редовно оди на фризер, нема да се премисли поради повисоки цени“, вели Ивановски.
Целиот текст читајте го на Фактор тука.