Ако ова го носите во лето, ќе изгледате крајно евтино: Стилистката Ана открива 5 парчиња кои треба да ги избегнувате

Добивај вести на Viber

Моден експерт откри кои парчиња облека треба да ги избегнувате во текот на летото за да не изгледате евтино...

Модниот експерт Ана Беј сподели видео во кое откри пет работи кои не треба да ги носите ова лето. Како прво, во нив ќе изгледате прилично евтино и невкусно.

1. Длабоки тексас шорцеви

На листата на Ана со работи кои не треба да ги носите летово, тексас шорцевите со длабок струк го заземаат првото место. Иако ова парче облека секоја сезона може да се види на улиците, во него дефинитивно нема да изгледате елегантно и префинето.

Во овие кратки панталони кога некој ќе те види од профил ќе помисли дека си бремена а и визуелно ќе изгледате како да имате вишок килограми“, истакна Ана.

2. Ултра бикини

Пред околу 20 години, костим за капење со тенки прерамки беше апсолутен хит. Обично се носеше со кревање високо на колковите, но денес ова парче е тотално промашување. Премногу открива, а во него ќе изгледате исклучително евтино. Наместо тоа, покажете елеганција на плажа или базен и изберете костим за капење во кој изгледате заводливо, но не и вулгарно.

3. Гумени апостолки

Кај нас е вообичаено кога брзаме некаде, треба да „скокнеме“ до продавница, само да ги облечеме најобичните гумени апостолки што се носат на плажа. И тоа е во ред. Сепак, комбинирање на овие апостолки со фустан или друга облека кога одиме во град не доаѓа предвид. Нема да бидете фенси и елегантни, туку како да одите на пазар. Наместо тоа, доколку сакате да носите отворени чевли, изберете кожени апостолки или некои со модни детали.

4. Комбинезон шорцеви

Овој тип на комбинезони не би им одговарал на ниските жени, бидејќи визуелно нивните нозе изгледаат пократки отколку што се. Воглавно, ова парче облека е изработено од неквалитетни и евтини материјали, што ќе влијае и на вашиот стајлинг“, објасни Ана и додаде дека во него ќе изгледате евтино и нималку тренди.

5. Ситни цветни дезени

Ана ве советува да избегнувате мали цветни дезени на облеката во поширок круг. „Каква и да е ткаенината, ваквиот дизајн прави да изгледате евтино“, објаснува таа и советува дека е подобро да изберете облека со голем цветен принт што ќе ве направи елегантни и шик.





Фото:  YOUTUBE/SCREENSHOT/ANNA BEY