Ако почувствува хемија, овој хороскопски знак води љубов уште на првиот состанок

Добивај вести на Viber

Ако некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак убедливо најмногу им се препушта на страстите и со задоволство се согласува на секс, веќе на првиот состанок, се чини дека конечно го имаме одговорот.

Истражувањето на веб-страницата Plenty Of Fish, во кое учествуваа 2.000 луѓе од Велика Британија, покажа дека Водолијата најбрзо се впушта во интимна врска. Дури 15 проценти од луѓето родени во овој хороскопски знак признале дека имале секс на првиот состанок.

Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 18 февруари се познати по нивната трепет и заводливи способности, а кога се во прашање емоциите, тие многу лесно се вљубуваат и се подготвени брзо да ги прескокнат сите оние „досадни“ прашања и да скокнат во кревет.