Ако се омажи ќе ѝ биде одземен статусот: Јапонската принцеза ја одложи венчавката, татко ѝ пресреќен

Принцезата Мако ја одложува својата венчавка со обичен граѓанин, неколкупати, почнувајќи од 2018 година.

Јапонската принцеза Мако ги одложи своите планови за венчавка откако јавно објави дека е подготвена да се откаже од кралскиот статус за да се омажи за „обичен човек“ кој не е член на кралско семејство.

28-годишната Мако, која студирала во Единбург, Даблин и Лестер, го запознала своето долгогодишно момче Кеи Коур за време на студиите, а во случај да се омажи за него, ќе мора да се откаже од титулата. Се чини дека ова е проблем што се повлекува веќе неколку години, бидејќи ова не е прв пат свадбата да се одложува. Имено, уште во 2017 година беше објавена веста дека плановите за големиот ден се стопирани и покрај тоа што тие најавија венчавка две години порано.

Неодамна Мако за локалните медиуми изјави дека таа и Кеи се создадени еден за друг, но дека сè уште немаат конкретен план кога ќе се венчаат и дека во моментов ѝ е тешко да зборува за иднината.

Патем, јапонскиот царски закон налага принцезата да го напушти кралското семејство веднаш откако се омажи за обичен државјанин, за што, се чини, Мако не е подготвена.

Нејзината тетка Сајако е последната од семејство чиј кралски статус беше одземен кога се омажи за градски службеник во Токио во 2005 година.

Кеи, кој работи во адвокатска канцеларија, ја запроси Мако во декември 2013 година и тие ја чуваа својата врска на далечина и во строга тајност, сè додека таа не магистрираше во Велика Британија. Тие најпрво објавија дека планираат венчавка во 2017 година, а набргу потоа беше објавено дека парот сепак ќе се венча во ноември 2018 година. Подоцна беше одложено за 2020 година, кога во официјалното соопштение се вели дека на парот им треба повеќе време да ја испланираат церемонијата.

„Јапонија тајмс“ во септември објави дека престолонаследникот на Јапонија, Фумихито тврди дека тој воопшто не знае дали неговата ќерка воопшто ќе се мажи.

фотографии: profimedia

извор: stil.kurir.rs

Тајните од Токио: Јапонките не стареат и не се дебелеат