Актерката на 68 години го доби второто дете: Во мај 2020 го загуби синот од рак, а на ќерката ѝ го даде сопственото име!

Шпанската водителка и актерка Ана Гарсија Обрегон синоќа со светот ја сподели среќната вест - стана мајка на крајот на седмата деценија, на 68 години! Имено, познатата Шпанка својата ќерка ја добила преку сурогат мајчинство во Америка.

Ана претходно го загуби своето единствено дете во мај 2020 година; нејзиниот син Алекс Лекио почина на 27-годишна возраст поради битка со тешка форма на рак.

Таа го доби Алекс во врска со италијанскиот аристократ Алесандро Леки во кој веќе не е вљубена, но парот останал во пријателски односи. Во следните две години Ана ги изгубила двајцата родители, па зад неа останал многу мрачен период и решила да бара надеж во мајчинството и уште едно дете.


Ана целиот процес го спровела во целосна тајност, а за тоа знаеле само нејзините сестри Селија и Амалија, како и споменатиот Алесандро Лекио, таткото на нејзиниот покоен син Алекс.


Таа кон средината на март заминала за Мајами, каде што се породила сурогат мајката, а девојчето се родило во понеделник на 20 март, два дена по 68-от роденден на нејзината мајка! Водителката дури била фотографирана како излегува од породилиштето со бебе во рацете; новороденчето било завиткано во розово ќебе и носела хеклана капа одозгора.

Интересно е што Гарсија на девојчето и го дала името по себе, па сега и двете се викаат Ана!


Шпанските медиуми пишуваат дека детето го родила тинејџерка која забременила во јуни 2022 година, месецот кога Алекс би наполнил 30 години. Да потсетиме, сурогат мајчинството е легално во САД, како за парови, така и за само еден родител.

Инаку, Ана основала фондација која го носи името на нејзиниот син Алекс, чија цел е да собере средства за понатамошно истражување на ракот и лекови за оваа болест.

ФОТО: Инстаграм